За да изгледаат добро на сцена и пред камерите, познатите жени многу ретко се појавуваат без шминка во јавноста. Папараците со нетрпение ги чекаат овие моменти, да гу сликаат несредени, без шминка и без совршена фризура. Освен што од овие фотографии ќе заработат многу пари, на жените ширум светот сакаат да им покажат дека познатите и славните не се совршени како што се претставуваат, вели еден од нив во интервју за американски „Ин Стајл“.
И овие жени имаат акни, се борат со темни подочници, со дамки на лицето и лузни што се кријат со шминка. Еве како изгледаат некои ѕвезди со и без шминка.