(Галерија) Познатите излегоа на протести по убиството на Џорџ Флојд

Откако минатата недела во Минесоа беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд, во целата држава се одржуваат протести против расизмот и полициската бруталност. Јавните личности во Америка, освен што донираа пари за кауција за уапсените од протестите, и самите излегоа на улица и беа дел од демонстрациите. Меѓу оние што протестираа беа и Џејми Фокс, Аријана Гранде, Мајкл Б. Џордан, Тимоти Шаламе, Хелси, Емили Ратајковски, Парис Џексон и други.

Глумецот Џон Кјузак вчера објави видео од тоа дека бил нападнат од полицијата додека траеле протестите, а тој минувал со велосипед. Моделот Кендрик Семсон објави слика на која се гледаат траги од гумени куршуми со кои полицијата пукала во толпата што протестирала. Глумицата Медисон Биар на Твитер напиша дека полицијата ги растерувала со солзавец.

Џејми Фокс
Парис Џексон
Медисон Биар
Тинаше
Мет МекГори
Емили Ратајковски
Киндрик Семсон
Халси
Аријана Гранде
Scroll to Top