На 70. светски избор за убавина кој се одржа во Израел, Мис на Индија, Харназ Санду ја однесе титулата на Мис универзум. 21 годишната Харназ беше прогласена за победничка и најубава девојка во светот. Таа победи во конкуренција на 80 натпреварувачки од целиот свет.
Досегашната мис Андреа Меса од Мексико ја круниса боливудската актерка на свеченоста во израелскиот град Еилат. Изборот се одржа среде ноќ, па победничката беше прогласена во пет часот по локално време, со цел да се совпадне со ударниот термин во САД.
„Пресреќна сум, зашто поминаа 21 година откако Индија за последен пат имала Мис универзум“, изјави 21-годишната Санду.
Санду е активистка која вели дека својата инспирација ја црпи од нејзината мајка, која е успешен гинеколог. Таа пораснала работејќи со неа во здравствените кампови кои се занимаваат со здравјето на жените и менструалната хигиена.
За првата и втората придружничка беа избрани Надија Фереира од Парагвај и Лалела Мсване од Јужна Африка. Во првите пет влегоа и Мис Колумбија и Мис Филипини.
За потсетување, организаторите решија настанот да се одржи и покрај тоа што Израел неодамна повторно ги затвори границите за странци поради појавата на сојот омикрон. Голем дел од учесничките веќе беа дојдени во земјата и француската претставничка Клеменс Ботино потоа имаше позитивен тест за коронавирус, па по денес дена во карантин можеше да се натпреварува.