(Галерија) Религија и гламур на „Мет гала“

Годинашната „Мет гала“ повторно на едно место ги собра највлијателните личности од светот на глумата, модата и музиката. Домаќин на популарните Оскари на модата беше уредничката на „Вог“, Ана Винтур, а почесни домаќини на вечерта беа Ријана, Амал Клуни и Донатела Версаче. Гостите, пак, на црвениот килим прошетаа со гламурозни, невообичаени и секси фустани, дизајнирани според темата „Небески тела: модата и католичката имагинација“. Тие наликуваа на чесни сестри, носеа фустани украсени со крстови, крилја, ореоли и религиозни детали.

„Мет гала“ датира од 1948 година. Приходите од оваа манифестација што повторно се одржа во њујоршкиот музеј „Метрополитен“ одат во хуманитарни цели.

Ана Винтур
Рита Ора
Блејк Лајвли
Ријана
Ким Кардашијан
Џенифер Лопез и Алекс Родригез
Аријана Гранде
Пријанка Чопра
Мадона
Кери Вашингтон
Ешли Греам
Амал и Џорџ Клуни
Кети Пери
Сара Џесика Паркер
Зендаја

 

 

Scroll to Top