(ГАЛЕРИЈА) Роберт Дауни, најплатениот актер, го покажа својот дом  

Роберт Дауни е најскапиот актер последниве неколку години. Тој со својата сопруга Сузан и двете мали деца, конечно, станаа среќно семејство.

Овој 52-годишен актер во декемвриското издание на Architectural Digest го претставува својот совршен дом кој датира од далечната 1885 година, а се наоѓа во источен Хемптон, Њујорк.

 

Куќата ја купил за 11,9 милиони долари и полека почнал да ја уредува како што тој и Сузан сакале.

„Сигурно е дека не бевме расположени да направиме чудни работи во нашиот дом. Ние само уживавме и се забавувавме кога уредувавме. Не ни беше здодевно ниту еден миг“.

Џо Најхем е човекот што му предложил на Роберт да ја купи оваа куќа која имала симбол на мелница, но никогаш не била тоа. Датира од 1885 година и на пазарот била еден од најатрактивните имоти. Ова место Роберт и Сузан ќе го претворат во дом на соништата. Најхем, кој е архитект, ќе им помогне во ниванта замисла целиот имот да биде место каде што сите ќе уживаат.

„Постојано сме надвор со децата покрај базенот, имаме пријатели со кои се дружиме“, вели Роберт Дауни.

„Ми беше извонредно искуството што соработував на дизајнот заедно со Најхам и се работи навистина за голем уметник, голем талент. Уживавме во овој наш експеримент“, додава тој.

 

 

Scroll to Top