(Галерија) Се омажи ќерката на Доналд Трамп: Романтична свадба на зајдисонце за Тифани и Мајкл

Тифани Трамп, ќерката на Доналд Трамп, се омажи за милијардерот Мајкл Булос. Венчавката се одржа на имотот Мар-а-Лаго на Флорида, на зајдисонце, пред околу 500 гости.

Тифани (29) носеше раскошна венчаница со кристали од славниот либански креатор Ели Сааб. Мајкл, пак, избрал класично црно одело со бела кошула и пеперутка машна.

Невестата до олтарот ја одведе нејзиниот татко, поранешниот американски претседател и бизнисмен, а во текот на церемонијата, молитва читала мајката на Тифани, Марла Мејплс.

За потсетување, Булос е наследник на нигерискиот конгломерат Boulos Enterprises кој вреди неколку милијарди долари. Роден е во Либан, а пораснал во Нигерија. Во САД се преселил откако ја запознал Тифани, пишува „Дејли меил“.

Тифани и Мајкл се во врска од 2018 година, а се запознале на Миконос, Грција. Се верија во Белата куќа на последниот ден од мандатот на Доналд Трамп.

Scroll to Top