(Галерија) Се смирија Селена и Џастин

Џастин Бибер и Селена Гомез овие денови се главна цел на папараците. Популарните пејачи, кои ја раскинаа долгогодишната врска пред околу три години, повторно прават сè заедно изминативе неколку дена. Папараците направија фотографии на кои се гледа како седат во кафуле, се шетаат низ Лос Анџелес, возат велосипед, се посетуваат дома, со што ги подгреаја озборувањата дека се повторно заедно.

Селена до пред неколку дена беше во врска со пејачот Викнд, но штом се појавија првите фотографии од нивните средби, Викнд ѝ раскина на Селена. Сепак, се чини дека раскинувањето и не ѝ падна толку тешко – на фотографиите со Џастин таа изгледа среќно и заљубено.

Scroll to Top