(Галерија) Со 10 илјади украси, 41 елка и фотографии од поранешните претседатели Џил Бајден ја накити Балата куќа

Првата дама на САД, Џил Бајден, ја украси Белата куќа за божикните и новогодишните празници. Во ходниците и просториите на Белата куќа се наоѓаат многубројни новогодишни елки украсени со мотиви за претстојните празници. Темата на првиот Божик на семејството Бајден во Белата куќа е „Подароци од срце“.

Првата дама на својот официјален профил на „Твитер“ објави фотографија од официјалната елка на Белата куќа, која се наоѓа во Сината соба.

„Инспирирани од делата на добрина и искуства, кои ни го кренаа расположението оваа година, украсените простории во Белата куќа ги одразуваат подароците од срце што нѐ обединуваат сите: вера, семејство, пријателство, уметност, учење, природа, благодарност, услуга, заедница, мир и единство“, напишала Џил Бајден.

Белата куќа/Фото/EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Меѓу украсите е и џиновската Бела куќа од медени колачи, која им оддава почит на работниците од првата линија што истрааја во текот на пандемијата на коронавирусот, а официјалната елка висока 5,5 метри ги слави даровите на мирот и единството, соопштила Белата куќа.

Фото: EPA-EFE-JIM-LO-SCALZO2

Додека семејството Бајден го прославуваше Денот на благодарноста во Масачусетс, повеќе од 100 волонтери го почнале украсувањето на вилата, вклучително и на Овалната канцеларија, со 41 новогодишна елка, речиси два метра лента и повеќе од 10.000 украси, пренесува АП.

Фото: EPA-EFE-JIM-LO-SCALZO3

Северната и јужната страна на зградата се украсени со 25 венци, а речиси 79.000 светилки ги осветлуваат новогодишните елки, венчињата и другите празнични украси.

На една од елките се наоѓа необичен интересен украс. Како што може да се види на фотографиите, елката е украсена со фотографии од претходните жители на Белата куќа, па така покрај фотографиите на Џо и Џил Бајден, на елката се наоѓаат фотографии од Барак и Мишел Обама, Доналд и Меланија Трамп, како и Џеки и Џон Кенеди.

фото: епа-ефе
Scroll to Top