(Галерија) Светски ѕвезди кои боледуваат од неизлечиви болести

Иако максимално се трудат да ги сокријат од јавноста и да градат успешна кариера, сепак за некои од светските музички, филмски и спортски ѕвезди, се знае со какви здравствени проблеми се соочуваат. Ова се само некои од оние кои имаат неизлечиви болести.

Ким Кардашијан е популарната ѕвезда која повеќе од 11 години се бори со кожно заболување, односно псоријаза. Еднаш рече дека симптомите за првпат ѝ се појавиле кога имала дваесет години, а повторно ги добила во триесетите. Во последните години состојбата ѝ е влошена.

„Имам една флека на десната нога која најмногу се гледа. Веќе не се ни трудам да ја сокријам. Понекогаш се чувствувам дека тоа е моја голема мана за која сите знаат, па зошто да ја кријам? По толку години навистина научив да живеам со тоа“, рече Ким.

Хали Бери е една од најценетите холивудски глумици, а она што малкумина го знаат дека боледува од дијабетис тип 1. За време на снимањето на телевизиската серија Living Dolls во 1989 година, таа падна и итно беше префрлена во болница. Падна во дијабетичка кома и била без свест недела дена.

Лекарите соопштија дека дијагнозата дијабетис тип 1 значи дека е зависна од инсулин. Бери направи важна промена во својот начин на живот, по дијагностификуваниот дијабетис на 22 години.

„Луѓето често ме прашуваат дали е тешко да се одречам од некои видови на храна. Но, мојот одговор е не. Нималку. Точно е дека е предизвик да се промени исхраната наеднаш, но по само три недели се навикнувате. По тој период полека желбите ви исчезнуваат и вкусот ви се менува. Исфрлив неколку намирници од секојдневието и почувствував значително подобрување во здравјето, но и изгледот“, рече Бери.

На глумицата и пејачка Селена Гомез пред девет години ѝ беше откриен лупис. Во декември 2013 година ја откажа турнејата низ Азија и Австралија и рече дека ѝ треба време да биде сама и да се лечи во установа во Аризона. Таблоидите шпекулираа дека се работи за некаква зависност или дека пати поради прекинувањето на врската со Џастин Бибер.

„Ми дијагностицираа лупис и имав хемотерапија. Тоа се случи за време на мојата пауза“, рече Гомез.

Селена неодамна откри дека покрај Лупис, боледува од уште една неизлечива болест. Таа објасни дека неодамна била на преглед во болница во Бостон, каде ѝ потврдиле дека пати од биполарно пореметување.

„Неодамна отидов во една од најдобрите ментални установи и таму ја добив дијагнозата. Тоа истовремено и ме исплаши, но и ме релаксираше. Ме релаксираше затоа што конечно ја дознав причината за мојата депресија и тегоби во минатите години“, призна пејачката.

Лејди Гага пред повеќе од пет години почна отворено да зборува за својата фибромиалгија. Таа зборуваше за тешките болку кои ги чувствувала по целото тело, иако не ја знаела причината.

„Сакам да помогнам во подигањето на свеста кај луѓето кои имаат фибромиалгија. Сите можеме да го споделиме она што ни помага и што не боли, за да си помогнеме еден на друг“, напиша Гага на „Твитер“.

Луѓето со дијагноза фибромиалгија, патат од проблеми со спиење, болка во мускулите, зголемен умор, губење на паметењето и недостаток на концентрација. Речиси 4% од популацијата ја имаат оваа болест.

На Брус Вилис во март годинава му беше дијагностицирана болеста афазија. Афазија е стекнато говорно нарушување кое настанува како последица на мозочно оштетување, а симптомите се појавуваат во вид на неможност за говор.

Џиџи Хадид има Хашимото синдром. Нејзиното тело ги напаѓа антителата на штитната жлезда мислејќи дека е натрапник кој ја напаѓа организмот, што резултира со нарушување во лачењето на тироидните хормони, кое може да се намали или зголеми.

Џиџи рече дека лесно ги прифатила промените низ кои поминала нејзиното тело.

„Ми се допаѓаше како изгледам пред болеста, а се сакам и сега. Сите треба да се прифатиме такви какви што сме и да разбереме дека можете да го сакаме нашето тело без разлика на ништо“, рече Хадид.

Бред Пит неодамна рече дека мисли дека има просопагнозија, ретко пореметување поради кое луѓето не се во можност да препознаат лица. Откри дека веќе подолг период има проблем со распознавање на лица и дека се грижи дека пореметувањето може да доведе до тоа луѓето да го гледаат како недостапен и вообразен.

Иако никогаш ова пореметување не е дијагностицирано, Пит веќе неколку пати инсистира дека го има.

„Толку луѓе ме мразат и мислат дека не ги почитувам“, рече во 2013 година за Eskvajer и додаде дека многумина заради тоа го сметале за егоистичен и вообразен.

„Тие ситуации за мене се мистерија. Не можам да препознаам лица и дефинитивно ќе морам да се тестирам“, рече тој.

Дејвид Бекам пати од две пореметувања, опсеситно-компулзивно пореметување и Туретов синдром, кој подразбира правење на гримаси, тресење на лицето и гласно викање.

Поранешниот фудбалер призна дека сите работи мора да му бидат наредени во линија, или да бидат во двојки и дека кога престојува во хотел не може да се опушти додека не ги стави сите книги и летоци што ќе ги најде во собата во фиока. .

Scroll to Top