(Галерија) Тинаши е новото заштитно лице за долна облека на Ријана

Американската пејачка и танчерка Тинаши е новото заштитно лице за долната облека на пејачката Ријана. Станува збор за млада пејачка која допрва се очекува да ја стекне светската популарност, велат познавачите на музиката и блиски пријатели на Ријана.

Брендот на Ријана стана хит на „Инстаграм“, а таа сака нејзината долна облека да биде препознатлива преку сексипилот и можноста девојките да се чувствуваат позаводливи без разлика на кој конфекциски број ќе го облечат.

„Ријана во последните неколку години својата креативна енергија ја насочува кон дизајнирање на долна облека. Така го создаде брендот за долна облека Savage X Fenty, со големина за сите жени и на тој начин го освои пазарот“, вели близок пријател на Ријана.

И самата Ријана често го рекламира својот бренд и може да се види во голи едиторијали. Та има голем број амбасадорки за рекламирање на нејзината облека, а на оваа листа сега е и Тинаше.

Нејзината линија за долна облека во првата година заработила неверојатни 72 милиони долари, а цената на производите се пристапни.

 

 

Scroll to Top