По 42 години снимање, во Холивуд се прикажа The Rise of the Skywalker, деветтиот и последен продолжеток од познататиот научнофантастичен сериjал „Војна на Ѕвездите“. Компанијата „Дизни“ во понеделникот го затвори целиот блок во центарот на Холивуд каде се прикажа долгоочекуваната филмска премиера.
Од утре филмот ќе почне да се прикажува низ кината во светот. Приказната почна пред 42 години во 1977 година. Режисерот Џорџ Лукас ја запозна публиката со младиот херој Лук Скајвокер. Лукас го воодушеви светот со металните роботи наречени дроиди, влакнестиот воин Воки и многу други легендарни ликови.
Од познатите кои не беа вклучени во филмот беа режисерите Стивен Спилберг, Спајк Ли и актерката Франсис Мекдорманд. Тепихот место стандардната црвена боја, беше син како небото. Со филмот „The Rise of the Skywalker“ заврши филмската франшиза која заработи 9,2 милијарди долари во благајните за повеќе од 40 години.