Георгина низ солзи зборуваше за смртта на синот: Ме следат 40 милиони луѓе, а никој не знае како се чувствувам

Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, во својот документарец „Јас сум Георгина“, зборуваше за смртта на син ѝ која се случи за време на породувањето. Минатата година таа роди девојче Бела, а брат ѝ близнакот го изгубија.

„Тоа беше истовремено мојот најсреќен и најтажен момент во мојот живот“, рече Георгина.

„Ме следат 40 милиони луѓе, но никој не знае како се чувствувам. Животот е тежок и имам причина да продолжам понатаму и да бидам силна“, рече таа.

Со Роналдо е од 2016 година, и заедно имаат две ќерки, Алана и Бела. Таа е таа која се грижи за децата. Ги имаат и Кристијано Јуниор и близнаците Матео и Ева. Сепак се чини дека и во иднина не планираат да се венчаат. Кога Роналдо потпиша со клубот од Саудиска Арабија, чиј закон не дозволува паровите да живеат заедно ако не се во брак, државата за нив направи исклучок.

„Кристијано е љубовта на мојот живот. Во моментов тој и децата ми се најважни во животот“, рече Георгина.

 

Scroll to Top