Георгина Родригез-од келнeрка до модна икона и сопруга на Роналдо

Георгина Родригез, свршеницата на славниот фудбалер Кристијано Роналдо, каде и да се појави привлекува внимание. Па така беше и на филмскиот фестивал во Венециј кога  27-годишната манекенка пристигна во лежерна облека. Но, вечерта ја покажа својата елегантна страна.

Георгина долго време важеше за вистинска модна икона, а луѓето се фасцинирани од нејзината приказна како од келнерка која едвај врзувала крај со крај, стана модна икона и муза на најголемите светски дизајнери чии парчиња некогаш ги продаваше.

Таа и Роналдо се заедно од  2016 година, а имаат и ќерка. Се запознале на луксузна забава на брендот Долче и Габана, а Георгина таму била како една од вработените во бутиците Гучи. Имено, таа работела како продавачка во Мадрид, но набргу откако почнала да се забавува со богатиот напаѓач, останала без работа.

Друга работа што ја заинтригира публиката е дека Георгина добивала месечен надоместок од 100.000 евра од Роналдо, и дека таа бара иста цифра од бројни медиуми доколку сакаат да направат интервју со неа. Заработува и многу пари на социјалните мрежи – доколку некој бренд сака да соработува со неа, ќе треба да издвои по 8.000 евра по објава.

Scroll to Top