Георгина за загубата на синот, за миг животот ми ги подари најубавиот и најлошиот момент

By

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, во своето реално шоу „Јас сум Георгина“, кое ќе се емитува на „Нетфликс“ зборуваше за загубата на новородениот син. Таа го загуби бебето за време на породувањето во април годинава.

dobivaj vesti na viber

„Животот ми даде толку многу, а за толку кратко време. Оваа година ги доживеав најдобриот и најлошиот момент во животот. Големо парче од срцето ми се скрши и се прашував како ќе продолжам понатаму. Одговорот ми беше поблиску отколку што мислев. Погледнав во очите на моите деца и го видов единствениот начин и пат по кој можев да продолжам, а тоа е да бидеме заедно“, рече Георгина.

За потсетување, на средината април годинава Роналдо и Георгина објавија дека им почина новородениот син. Таа носеше близнаци, а девојчето преживеа.

 

Ќе ви се допадне