Гери Халивел прослави роденден на журката и дојдоа поранешните „спајсици“

Гери Халивел, поранешна членка на „Спајс грлс“, го прослави својот 50-ти роденден во Оксфордшир, Англија. На роденденот на Гери присутни беа и поранешните членки на групата.

Забавата била организирана во вилата на Гери, а медиумите истакнуваат дека за оваа гала-вечера биле издвоени дури 456.000 евра. Викторија Бекам сподели фотографии од забавата. На роденденот не присуствувала само Мел Си.

Да потсетиме, оваа поп-сензација е основана во 1994 година, а светска слава им обезбеди хитот „Wannabe“ од 1996 година, а истата година го издадоа и првиот албум  „Спејс“, кој го држи рекордот за најпродаван албум на женска група во историјата. Продадени се повеќе од 31 милион примероци, а следниот „Спејс врлд“ од 1997 година околу 20 милиони примероци. Истата година тие глумеа во нивниот сопствен филм, !„Спејс врлд: Д муви“. Во 1998 година Гери Халивел ги напушти, а останатите четири девојки се разделија во 2000 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)