Пејачката Гери Халивел (50), позната како Џинџер Спајс од легендарниот бенд „Спајс грлс“, е наградена со почесен докторат на Универзитетот „Шефилд Халам“.
Таа ја доби наградата за посветеноста на жените и младите и за исклучителен придонес во музичката индустрија.
„Сакам да учам, затоа сум многу почестенa и благодаренa што сум овде. Мислам дека Универзитетот ‘Шефилд Халам’ е неверојатнo, разновидно и инклузивно место“, рекла таа на сцената при примањето на наградата.
Гери им се обратила и на своите фанови на социјалните мрежи.
„Голема благодарност до Универзитетот ‘Шефилд Халам’, што денеска го добив мојот почесен докторат. Голема чест е да се слави образованието и да се приклучи на заедницата што ги зајакнува жените и младите луѓе во светот. За сите матуранти, честитки“, напишала таа.