Ги одбив сите мажи што ме игнорираа кога бев дебела – Кели Озборн ослабе 40 килограми

Пејачката и реална ѕвезда Кели Озборн ослабе 40 килограми, па сега има многу додворувачи. Ќерката на Ози и Шерон Озборн гостуваше во шоуто „Ток“ и таму откри дека ги одбила сите што ја нарекувале дебела и ја игнорирале пред да ослабе.

„Знаете зошто решив да ги одбијам повеќето мажи? За сите нив покажав некакво интересирање во минатото, ама одговорот беше: ‘Симпатична е, ама дебела’, ‘Супер е, ама…’ Е, сега, кога тие се вратија кај мене, реков: ‘Нема шанса, не, не, не“, раскажала Кели и рекла дека во моментот не се гледа со некој што би го однела кај родителите или би се појавила во јавност со него.

Озборн во интервјуто зборуваше и за слабеењето.

„Ставив прстен на желудникот пред неколку месци, но тоа е резултат на долг ментален процес и самоспознавање, а не одлука донесена набрзина. Го сменив животниот стил, вежбам, се хранам поинаку, се чувствувам подобро. Целта ми беше да станам среќна и сега сум. Но, првин морав да го средам умот пред да го сменам телото“, рекла 36-годишната Кели.

Scroll to Top