Гласот на Морган Фриман отстранет од реклама

Американскиот актер Морган Фриман е обвинет за сексуално злоставување, а од таа причина неговиот глас е отстранет од рекламата за канадската компанија „Скај трејн“ од Ванкувер.

Осум жени го имаат обвинето Фриман за сексуално злоставување. Поради целата ситуација, здружението актери„Screen actors gulid“, ја разгледува можноста на актерот да му ја одземе наградата за животно дело.

Обвинувањата против Фриман се изнесени во рамки на истрагата на американската медиумска куќа Си-Ен-Ен, а меѓу неговите наводни жртви се две нивни новинарки кои работеле на снимање со актерот, како и неговата продуцентска компанија.

 

 

Scroll to Top