Глен Медеирос го испеа најголемиот љубовен хит во ’80-тите, па стана директор на училиште

Американскиот пејач Глен Медерос се прослави 1987 година, кога го преработи хитот на Џорџ Бенсон Nothing’s Gonna Change My Love For You. За разлика од оригиналот, верзијата на Глен го освои светот, а песната се најде на врвот на бројни топ-листи. Денес овој пејач има 50 години и е директор на училиште во Хонолулу, Хаваи.

„Не очекивав дека животот ќе ми отиде во сосема спротивен правец од тоа што замислував, но не се жалам. Среќен сум што светот и сега ја пее песната во која и јас се заљубив“, рекол Глен во едно скорешно интервју.

По Nothing’s Gonna Change My Love For You, Глен продолжи со кариерата, но никогаш не го повтори успехот на оваа песна. Еден од позабележителните хитови му беше She Ain’t Worth It од 1990 година. Тој сними осум албуми, па исчезна од сцената.

Во меѓувреме, докторирал на Универзитетот Јужна Калифорнија и во моментов е директор на училиштето Сент Луис во Хонолулу.

Scroll to Top