Глумецот Езра Милер заврши на суд за демнење малолетник

Жена го пријвила глумецот Езра Милер затоа што го демнел син ѝ и му давал подароци. Тие завршиле на суд, а Окружниот суд во Гринфилд во Масачусетс утврдил жената и детето да добијат привремена заштита затоа што постои опасност од вознемирување.

Мајката раскажала дека Милер го запознале преку нивни пријател во февруари. Таа рече дека глумецот ѝ изгледал пријателски, но дека набргу потоа ѝ станал сомнителен. Таа на судијата му објаснила дека Езра сакал да му купи на син ѝ и коњ иако таа и претходно го одбила.

За потсетување, глумецот неодамна беше обвинет и за напад на жена. Таа завршила во болница поради расеченици на челото. Проблематичниот глумец обожавателите го знаат по улогата во филмот „Лига на правдата“ како Флеш и во „Чудесните ѕверки“.

Scroll to Top