Глумецот Гери Синис испратил повеќе од 1500 деца без родители во Дизниленд

Американскиот глумец Гери Синис познат по улогата на Ден во филмот „Форест Гамп“, организирал хуманитарна акција во која испратил 1750 деца без родители во светот на „Волт Дизни“, во Орландо на Флорида.

Децата без родители или кои останале без еден од родителите, пет дена можеле да уживаат во прочуениот паркт, а друштво им правеле некои од родителите.

„Празниците се често тежок период за семејствата кои имаат изгубено некој многу драг и близок. На секој декември организираме пат за децата од воени семејства, ки останале без еден родител“, изјавил Синис, оддавајќи им признание и на членовите на неговата фондација.

Покрај легендарната улога на поручникот Ден, Сини се прослави и во улогите во филмовите „Аполо 13“, „Шоуто на Труман“ и во сериите на „ЦСИ: Њујорк“ и „Злосторнички умови: Над границите“.

Scroll to Top