Глумецот Пол Рад е најсекси маж на светот, според магазинот „Пипл“

Магазинот „Пипл“ го избра глумецот Пол Рад за најсекси маж за 2021 година. Уредниците на „Пипл“ го објавија името на 52-годишниот актер во шоуто на Стивен Колберт.

Во неговото интервју за насловната страница за „Пипл“, Пол откри дека единствената личност на која ѝ кажал дека е прогласен за најсекси маж на светот е неговата сопруга Џули Јегер.

„Таа беше зачудена. Но, знаете дека таа беше многу слатка за тоа“, вели Пол во интервјуто. „По малку кикотење и шок, таа рече: ‘Ох, добро, конечно сфатија’. И тоа беше многу слатко. Таа веројатно не ја кажуваше вистината, но што да каже“, додава тој.

Пол вели и дека сега кога е избран за најсекси маж, неговиот живот ќе се промени многу.

„Се надевам дека сега, конечно, ќе бидам поканет на некои од тие секси вечери со Клуни, Пит и Мајкл Б. Џордан. И мислам дека ќе одам на многу повеќе јахти. Возбуден сум што ќе го проширам мојот живот на јахта. Мислам дека ова ќе ми помогне да станам позатворен и мистериозен. И јас со нетрпение го очекувам тоа“, вели Рад.

Пред да се објави дека Пол е најсекси маж, светските медиуми пренесоа дека титулата оваа година ќе ја добие актерот Крис Еванс, познатиот Капетан Америка, со кого Пол глуми заедно во филмовите на „Марвел“. Рад во овој серијал е Антмен.

За потсетување, лани најсекси маж беше глумецот Мајкл Б. Џордан, а пред него титулата ја добија Џон Леџенд, Идрис Елба, Блејк Шелтон, Двејн Џонсон, Дејвид Бекам, Крис Хемсворт.

Scroll to Top