Актерката Џесика Кембел почина на 38 години, семејството еден месец ја криело смртта

Поранешната актерка Џесика Кембел, која глумеше со Риси Витерспун во филмот „Избор“ (Election), почина на 38 години. Веста за нејзината смрт семејството ја криело еден месец, пишуваат американските медиуми.

Џесика била пронајдена мртва на подот од својот тоалет, а брзата помош само констатирала смрт. Причината за смртта засега не е позната.

Кембел подолго време не се занимаваше со актерство, туку работеше како докторка по натуромедицина. Извор близок до семејството за медиумите рекол дека таа водела прилично нормален живот заедно со 10-годишниот син.

Кога во јавноста се појави веста дека Џесика починала, на „Твитер“ од неа се прости и Риси Витерспун.

„Срцето ми е скршено. Беше задоволство да се работи со неа. Им ја испраќам мојата љубов на семејството и најблиските на Џесика“, напиша актерката.

Scroll to Top