Актерката Дон Велс почина од корона

Познатата американска актерка Дон Велс почина вчера од корона на 82-годишна возраст.

Таа е позната актерка од 1960-тите години во САД. Нејзини позначајни улоги се во хумористичната серија Gilligan’s Island, The Roaring 20s, 77 Sunset Strip, Maverick, Bonanza, The Joey Bishop Show, The Cheyenne Show, и во филмовите Palm Springs Weekend и The New Interns.

Нејзините последни улоги беа во детската серија The Epic Tales of Captain Underpants и драмата Kaplan’s Corner.