Глумицата Ребел Вилсон доби ќерка од сурогат-мајка

Глумицата Ребел Вилсон (42) доби ќерка преку сурогат мајка и ѝ го даде името Ројс Лилиан. Таа објави слика од бебето на инстаграм и откри дека е пресреќна.

„Не можам да опишам колку сум горда и да ви кажам дека ми се роди првото дете, ќерката Ројс Лилиан. Таа се роди минатата недела преку сурогат мајка. Ја сакам премногу, таа е вистинско чудо. Засекогаш ќе им бидам благодарна на сите што беа вклучени во овој процес кој траеше со години. Но, најмногу сакам да ѝ се заблагодарам на мајката сурогат што го носеше моето бебе со грациозност и се грижеше за неа. Фала што ми помогна да создадам свое семејство, ова е најубавиот подарок од сите“, напиша глумицата.

Вилсон веќе неколку месеци е во врска со дизајнерката на накит Рамона Агрума. Пред неколку дена светските медиуми пишуваа дека тие се свршиле, но Ребел ги демантираше овие пишувања. Таа вели дека сама ќе се грижи за својата ќерка, со помош од нејзината партнерка.

Scroll to Top