Глумци што не се прославија иако освоија Оскар

Најголемото достигнување за било кој глумец во Холивуд е да добие Оскар. Од тогаш па до крајот на животот нив ги ословуваат како оскаровци. Но, има и такви кои ваквата престижна награда за нивните улоги, повеќе се смета за проклетство, отколку за благослов, пренесуваат светските медиуми.

Таков е примерот со глумецот Адриен Броди, кој доби Оскар за филмот „Пијанист“, на продуцентот Роман Полански во 2002 година. Тој го глумеше Владислав Шпилман, еврејскиот пијанист кој го преживеал уништувањето на варшавското гето во Втората светска војна. Откако освои Оскар, Броди сними уште неколку филмови, но немаше ниту една позначителна улога, која остави белег во неговата досегашна кариера.

Некои критичари сметаат дека Броди не е убав лик, па затоа не добивал улоги, додека некои претпоставуваат дека продуцентите не знаат добро да го искористат неговиот талент.

Глумицата Мира Сорвино, која ја глумела Линди во филмот Mighty Aphrodite во 1995 година доби Оскар за најдобра споредна женска улога, но се чини дека филмовите во кои глумеше потоа, не оставија впечаток кај критичарите и публиката. И покрај тоа што има и талент и изглед, Мира исчезна од сцената по неколку снимања.

Критичарите велат дека не е проблемот во нејзината глума, туку филмовите како такви. Таа не доби ни одблиску внимание какво што имаше за улогата за која доби Оскар.

Романтичната комедија Moonstruck од 1987 година, во која глуми Лорета Кастроини, девојката која се заљубува во братот на човекот за кого треба да се омажи ѝ донесе на пејачката Шер, Оскар за најдобра глумица. Филмот беше голем хит и доказ за талентот кој го имаше Шер, не сасмо во музиката туку и во глумата.

Но, сите филмови потоа не оставија никаква трага на сцената. Пејачката никогаш не изјавила дека нема да глуми, но и воопшто се нема произнесено во врска со тоа.

Scroll to Top