Глумци со кои Бред Пит не сака да работи

By

Бред Пит наводно има листа со имиња на глумци со кои не сака никогаш да работи. Ова го тврди Арон Тејлор Џонсон, со кого Бред глумеше во последниот негов филм „Брзи куршуми“.

dobivaj vesti na viber

Оскаровецот низ кариерата има работено со низа на големи холивудски ѕвезди, а сега Џонсон вели дека имал и белешки со глумци кои не му се допаѓаат, како и оние кои му се драги.

„Тој само сака да внесе светлина и радост во светот и да биде во друштво на луѓето кои сакаат добро да се забавуваат. Ќе работите со многу глумци и по некое време ќе почнете да забележувате. Ќе си велите дека дефинитивно повеќе нема да работам со овој или оној глумец. И Бред го има овој список со имиња. Список со добри и со лоши глумци“; рече Џонсон за Variety.

Некои од имињата кои би можеле да се најдат на списокот на Бред со кој глумецот не сака да соработува се Кејт Бланчет, Лупита Нионго, Леонардо Ди Каприо, Тилда Свинтон и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Една од ѕвездите која дефинитивно е на неговата листа на добри глумци е Сандра Булок. Бред сними епизодна улога во нејзиниот филм „Изгубениот град“, а таа ја глуми Марија Бетле во Bullet Train. Бред се надева дека неговата стара пријателка повторно ќе соработува со него во иднина.

„Сенди ми е стара пријателка. Таа е непоколеблива личност и човек може од неа да побара услуга во секое време. Тоа го имам направено многупати и секогаш ми се нашла. Убаво е човек да има таква личност покрај себе. Соработката со неа беше одлична. Таа имаше свој филм, а јас морав да одработам малку во него. Мислам дека ќе продолжиме да работиме заедно“, рече Пит во неодамнешното интервју со бразилскиот водител Хуго Глос.

 

Ќе ви се допадне