Глумците од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудро, Метју Пери, Метју Лебланк и Дејвид Швимер во интервју за списанието „Пипл“, открија како би изледал животот на нивните ликови денес и со што мислат дека тие би се занимавале во моментов.
Џенифер Анистон, која ја толкува улогата на Рејчел, изјавила дека нејзиниот лик веројатно досега создал свој бренд за облека и живее во Њујорк.
Кортни Кокс, која ја знаеме како Моника, открила дека Моника веројатно би правела нешто што вклучува натпревар со другите мајки и веројатно би била на чело на некоја асоцијација за родители и наставници.
Лиса Кудро мисли дека Фиби сега би живеела во Конектикат со сопругот и нивните деца и би била одговорна за уметничката програма во локалното училиште. Метју Пери ја замислува иднината на Чендлер како одличен татко и прекрасен автор на комедија.
Според Метју Лебланк, Џои веројатно би отворил синџир сендвичарници и би ги изел сите сендвичи. Дејвид Швимер изјавил дека Рос и понатаму би играл со коските и би инвестирал во продавниците на Џои, поради што би изгубил голем дел од неговата заштеда за децата.
Главните ликови на серијата „Пријатели“ повторно се сретнаа во студиото на „Ворнер брос“ за да ја снимат специјалната епизода, која ќе биде прикажана на „Ејч-би-о макс“ на 27 мај. Анистон открила дека снимањето на специјалната епизода било многу емотивно за сите нив.