Глумците од „Свадбата на мојот најдобар пријател“ се сретнаа по 22 години

Џулија Робертс, Камерон Дијаз, Дермот Малруни и Руперт Еверет, глумците од филмот „Свадбата на мојот најдобар пријател“, се сретнаа првпат 22 години по премиерата на филмот. Тие снимија фотосесија за магазинот Entertainment Weekly и дадоа интервју во кое зборуваа за филмот што и денес е еден од најпопуларните романтични комедии.

Во интервјуто за EW, 51-годишната Робертс го коментираше филмот и сцената кога му кажува на нејзиниот најдобар пријател (Малруни) дека е заљубена во него.

„Сметав дека е смешен и итар. Ја обожавав целата физичка комедија. Многуте паѓања… Сцената која според мене го направи многу автентичен е кога јас конечно му кажувам на ликот на Дермот: ‘Избери ме мене. Дозволи ми да те усреќувам’. Тоа беше толку компактно, слатко и значајно“, вели Робертс во интервјуто.

Камерон Дијаз, пак, откри дека нејзината снаа Никол Ричи е опседната со филмот.

„Мојата снаа е навистина опседната со филмот. Отидовме во Чикаго пред околу година и половина и таа ме однесе на секоја локација од снимањето“, рекла Дијаз.

Scroll to Top