Го изгубив чувството за вкус: Кралот Чарлс се отвори и откри детали од битката со ракот

Кралот Чарлс денеска го посети музејот на воздухопловните сили во Хемпшир.

Британскиот крал Чарлс Трети денеска откри дека го изгубил чувството за вкус за време на лекувањето од рак.

Чарлс ја откри оваа информација на јавноста додека беше на обиколка на музејот на воздухопловните сили во Хемпшир.

Монархот разговараше со ветеранот на британската армија Арон Мепплбек, кој му кажа на Чарлс дека минатата година бил подложен на хемотерапија поради рак на тестисите.

Мејплбек му спомнал на кралот дека го изгубил сетилото за вкус, на што Чарлс открил дека тоа му се случило и нему, пишува „Дејли мејл“.

Бакингемската палата се уште не ги потврдила деталите за третманот на кралското семејство.

Инаку, извори блиски до кралското семејство велат дека принцот Хари бил „во солзи“ кога британскиот крал Чарлс му ја соопштил новата титула на својот брат принцот Вилијам.

Експертот за кралското семејство Том Квин рече дека додека војводата од Сасекс се вратил во Велика Британија оваа недела на 10-годишнината од Игрите „Invictus“, набргу откако слетал во Лондон, било откриено дека кралот Чарлс бил премногу зафатен за да го прими својот син.

А потоа, само неколку часа откако беше потврдено дека кралот Чарлс нема да се сретне со принцот Хари, Бакингемската палата објави дека кралот ќе му ја додели на принцот од Велс воената чест што требаше да ја добие војводата од Сасекс, пренесува Мирор.

Принцот Вилијам сега е главен полковник на кралските воздухопловни сили, полкот во кој принцот Хари служел во Авганистан.

Scroll to Top