Го препознавате ли девојчето на фотографијата

Фотографијата е направена на почетокот на 1930-тите години, кога малата Норма Џин Мортенсон одела во основно училиште и воопшто не помислувала на актерска кариера, ниту на живот во Холивуд.

Но, дури и тогаш, кога Норма Џин имала десетина години, можела да се забележи нејзината убавина. Промената на бојата на косата и промената на името во Мерилин Монро неколку години подоцна ја направија најпосакуваната жена во Холивуд и една од најубавите жени во светот. Мерилин и денес предизвикува воздишки.

Scroll to Top