Патот од 650 милиони до минус во банка и не е така долг, покажува случајот на еден од најпопуларните актери. Од време на време, последните месеци, може да се прочита во светскиот печат како прочуениот актер Џони Деп, финансиски е уништен. И секогаш, по правило, таа вест звучи целосно фасцинантно имајќи го во предвид тоа дека во својот живот заработил најмалку 650 милиони долари.
Ова кокетирање со банкртот, воглавно се поврзува со неговиот раскалашен живот, пишува „Неделник“.
Последната вест гласи дека продал четири од пет станови во Лос Анџелес, и три во Њујорк, по вкупна цена од 120 милиони долари, но тоа не е доволно за да ги покрие долговите. Затоа популарниот актер се обидува да продаде и фарма на коњи во родниот Кентаки, но веќе девет месеци ниту еден купец не се има јавено.
Целосно друго е прашањето што му требало да купи толкав имот, па не бадијала му е даден надимакот, најголемиот холивудски купохоличар.
Актерот кој своевремено купил и силна виноградба по Француски. А повторно, проповедувал за тоа како сопствените вина не му се омилени. Повеќе трошел на некои други. Велат дека само 30 илјади долари месечно трошел на вино.
Наводно, еднаш платил 400.000 долари за транспорт на неговите кучиња и специјални боци за вино од Америка во Австралија.
Бесното трошеењ го довело на суд. Не со банките и другите „баратели на долгови“, туку со неговите менаџери. Деп, имено нив ги обвинува за својата пропаст.
Тие возвратиле со контратужба. Барале 560.000 долари на име на провизија за која им останал должен.
„Тој едноставно не можел да си дозволи таков екстравагантен начин на живот. Деп и само Деп е виновен за финансиските проблеми кои го снајдоа“, говорат неговите финансиски советници. Поточно, поранешните советници. Дури изјавиле дека некогаш бил како „пропалица“, а дека сега е на суд, затоа што го „изел алкохолот“.
Тој тврди дека Џони во неколку наврати го предупредувале дека троши премногу пари, како и дека го советувале да потпише предбрачен договор со Амбер Херд, кој по разводот морал да плати седум милиони долари.
Деп според нивните наводи потрошил преку 75 милиони долари за купување и одржување на 14 куќи, вклучувајќи го и замокот во Франција и имотот на приватните острови на Бахамите. Богатството го дал и за својата јахта, патувањата со приватни авиони и уметнички дела.