Ѓоковиќ го прифати предизвикот на Шарапова за пожарите во Австралија

Руската тенисерка Марија Шарапова преку социјалните мрежи го предизвика Новак Ѓоковиќ да донира за помош на пожарите во Австралија и да ја изедначи нејзината донација од 25.000 долари.

„Австралија 15 години беше мојот дом во јануари. Гледајќи како огнената стихија ја уништува земјата, семејставата и животните, чувствувам како ми се крши срцето. Сакам да почнам со донација од 25.000 долари. Новак Ѓоковиќ, можеш ли да ја изедначиш мојата донација?“ напиша Шарапова.

Таа за кратко време доби одговор од Новак дека го прифаќа предизвикот, па дека и тој ќе донира 25 илјади долари.

„Да Марија, би сакал да ја изедначам твојата донација од 25.000 долари за да го дуплираме износот на помош кон оваа заедница. Со тебе сме, Австралија“, напиша Новак.

Пред почетокот на првиот Гренд слем турниш, што секоја година се игра во јануари во Мелбурн, своја иницијатива за донација даде и австралискиот тенисер Ник Киријос. Тој рече дека ќе донира по 125 евра за секој сервиран ас, а таквата идеја ја прифати и тенисерката Петра Квитова.

За пожарникарите во Австралија досега донираа неколку јавни личности, меѓу кои и Никол Кидман и Пинк. Двете дами дадоа по 500.000 долари.

Scroll to Top