Гола Меланија одговара на незгодни прашања во радиоемисија

Американски новинари стигнаа до снимка од разговор од едно радиоинтервју на американски водител Хаувард Стерн и Доналд Трамп. Станува збор за телефонско интервју во кое водителот му вели на Трамп да ја вклучи и Меланија.

До 2005 година Меланија му беше девојка на Доналд Трамп. Манекенката со словенечко потекло беше цел на папараците поради врската и ноќните проводи што ги имаше со тогашниот американски бизнисмен и познат шоумен. Истата година се венчаа.

Во продолжение на снимката водителот ѝ дава комплименти, а потоа следуваа незгодните прашања. На снимката се слуша гласот на Меланија, која јавно зборува за интимните детали од својот живот и сексуалниот однос што го има со Доналд Трамп.

Првата дама открива дека во тој момент таа носи многу малку облека на себе, а открива и дека често се среќаваат во станот на Доналд Трамп, каде што имаат секс.

Снимката се појави во јавноста во незгоден момент за американскиот претседател. Претходно Трамп беше цел на јавноста поради секс-скандалот со порноактерката Сторми Даниелс.

Наводно, адвокатот Мајкл Коен ѝ исплатил на Сторми 130.000 долари во замена да молчи за сексот што таа го имала со американскиот претседател. Исплатата била направена за да не му наштети на имиџот на Трамп за време на претседателската кампања.

 

Scroll to Top