Голи во базен и дрогирани: Кралскиот двор беше депресивно место во кое сите озборуваа

Во последниов период медиумите не престануваат да пишуваат за скандалите што се случуваат во  британското кралско семејство, а сето тоа дополнително го зачини англискиот новинар и писател Атиш Тасер.

Тој бил во тригодишна врска со принцезата Габриела од Кент, којашто лани се венча со банкарот Томас Хенри.

И додека Габриела засега е во среќен брак, Атиш за славното списание „Венити фер“ откри многубројни интригантни ситуации на коишто бил сведок додека бил во љубовна врска со принцезата.

Тој објаснил дека на почетокот на 2000-тите години се забавувал со Габриела, ќерката на принцот Мајкл и принцезата Мишел од Кент.

Инаку, принцот Мајкл е прв братучед на кралицата Елизабета, а принцезата Мишел е прославена авторка на многубројни книги, меѓутоа не е омилена во британската јавност поради тоа што ја сметаат за многу арогантна.

Според Атиш, Габриела и Атиш минале три  години заедно во кои, како вели, пливале голи во базенот на кралицата во Бакингамската палата, зеле лекови за МДМА во замокот Виндзор…

„Беше прекрасен начин да ги поминете своите 20-ти години“, заклучи Атиш.

Тој исто така детално опишал какви се принцот Чарлс, кралицата Елизабета, како и принцезата Мишел.

„Родителите на Габриела живееја во кралски апартман од пет соби во палатата во Кенсингтон, каде што принцезата порасна. Неколку полицајци со токи-воки беа првата линија на одбрана. Тамошните канцеларии ме потсетуваа на нешто помеѓу воена болница и куќа во којашто живеат некои стари луѓе“ – изјавил Атиш.

Славните станари на оваа палата биле принцезата Маргарет и принцезата Дајана, но и двете се починати.

Тие коишто сега останале таму се помалку важни членови на кралското семејство и секретари коишто живеат и уживаат во сенка.

„Сè додека Вилијам и Кејт не стигнаа тука, ова место беше многу депресивно. Принцезата Мишел сакаше да шокира. Таа го именува својот пар црни овци во Члочестершир Венера и Серена. Принцот Чарлс е пријатен, исто како и кралицата. Но, принцезата Мишел не е. Таа е Марија Антоанета во друштво на оние за кои бананите се премногу егзотични, а таа беше против Хари и Вилијам да стапат во брак со граѓани“, објасни Атис, додавајќи дека принцезата Мишел рекла дека секоја девојка која поминува на улица ќе смета дека може да стане принцеза, алудирајќи на фактот дека Кејт Мидлтон е ќерка на стјуардеса, додека Меган е обична „славна личност“ која никогаш нема да го има она што го поседуваат членовите на британското кралско семејство

Scroll to Top