Наоми Кембел позираше гола за новата кампања на дизајнерот Александар Ванг.
Британскиот супермодел Наоми Кембел беше откриена случајно на улица во Лондон кога имала 15 години.
Иако пред само неколку месеци наполни 53 години, оваа жена не престанува да изненадува со својот изглед.
За новата кампања на дизајнерот Александар Ванг таа позираше гола покриена со остри боцки. Со едната рака ги покри градите, а во другата држеше чанта од неговата колекција.
Ванг во објавата наведе дека оваа кампања „ја истражува идејата за трансформација преку силни, моќни и алфа жени, кои ги претставува Наоми“, а на социјалната мрежа Инстаграм јавно се пофали, нагласувајќи дека му било сон да работи со неа како и дека неа не треба дополнително да се претставува.