Гвинет Палтроу ја издава својата куќа на „Airbnb“ на двајца среќни обожаватели

Гвинет Палтроу објави дека ја издава својата куќа во Монтесито на сајтот „Airbnb“.

Палтроу ја објави веста на Инстаграм во вторникот, велејќи дека двајца среќни обожаватели ќе имаат можност да престојуваат една ноќ во нејзината вила во Санта Барбара.

Под видеото од обиколката низ домот, таа напишала: „Осаменоста е човечка состојба, но во изминатите неколку години зголемената изолација и недостатокот од заедница ги направија нашите животи уште пофрагментирани. ‘Airbnb’ имаше генијална идеја како да го направиме светот помалку осамен, поради што ве поканувам да дојдете да преспиете во мојот пансион во Монтесито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)


Иако можеби започнуваме како странци, се надевам дека ќе пронајдеме врска и заеднички нешта со вкусни оброци. Лежете покрај базенот, одете на едно од моите омилени планинарења и секако, ќе имате бања полна со моите омилени ‘Goop’ производи за вистински луксузен престој“.

Гостите ќе можат да започнат со резервации од 15 август во 10 часот по пацифичко време на овој сајт. Бидејќи престојот е отворен за двајца, и тоа само на една ноќ на 9 септември, сигурни сме дека многу фанови на актерката ќе пројават интерес.
Освен уживањето во пространата вила, едноноќниот престој вклучува и сесија на водена медитација, релаксирачки спа ден со бројни производи за убавина и хранлив оброк инспириран од „Goop’s Kitchen“.

Scroll to Top