Гвинет Палтроу мора на суд затоа што повреди пензионер на скијање

Глумицата Гвинет Палтроу денеска ќе мора да се појави во судница затоа што повредила маж за време на скијање во Јута во 2016 година. Ја тужеше пензионираниот оптометрист Тери Сандерсон, кој рече дека Палтроу немала контрола и го удрила на падините во одморалиштето во Парк Сити, Јута.

Сандерсон тврди дека Палтроу се судрила во него, го соборила и му предизвикала повреда на мозокот, четири скршени ребра и други посериозни повреди. Денеска ќе се случат воведните зборови во судскиот процес, на кој ќе присуствува и порота, а постапката се очекува да трае осум дена.

Тамошните медиуми пренесоа дека Палтроу и некои од нејзините членови од семејството ќе се појават на сослушувањето и дека глумицата ќе сведочи. Сандерсон ѝ бара отштета од 300.000 долари, откако неговото претходно барање од 3,1 милиони долари беше отфрлено.

Овој случај се однесува на несреќа на скијање во ски-центар во долината на елените каде обвинетата Гвинет Палтроу скијала надвор од контрола и го удрила во грбот Тери Сандерсон додека се спуштал по патеката. Го соборила, при што се здобил со повреда на мозокот, четири скршени ребра и други тешки повреди. По судирот, Палтроу станала, се свртела и продолжила да скија, оставајќи го Сандерсон тешко повреден да лежи во снегот“, ова стои во првата тужба поднесена во 2019 година.

Поднесокот исто така вели дека дури и инструкторот за скијање кој ја тренирал Палтроу не се обидел да му помогне на Сандерсон, иако видел дека е повреден. Тој не повикал ни помош, а подоцна лажно го обвинил Сандерсон дека ја предизвикал несреќата за да ја заштити Палтроу.

Сандерсон претходно објасни дека тужбата ја поднел дури по три години бидејќи имал проблеми со адвокатите и затоа што не можел нормално да функционира поради потрес на мозокот.

Подоцна Палтроу поднела противтужба во која се тврди дека Сандерсон ја удрил во ски-центарот. Актерката рече дека била потресена од судирот на скијачката патека што тој ден повеќе не скијала со семејството. Додаде и дека Сандерсон ѝ се извинил и рекол дека е добро.

Scroll to Top