Хајди Клум со 16 години помлад дечко

Германскиот супермодел Хајди Клум, го привлекува вниманието кај јавноста поради својата врска со 16 години помладото момче, Том Каулиц, гитаристот од бендот „Токио Хотел“. Таа вели дека е среќна во љубовта без разлика на генерацискиот јаз.

Таа истакна дека не размислува за разликата во години која е повеќе од една деценија и дека на таа тема зборува само кога новинарите ќе ја потсетат на тоа.


„Не размислувам за годините и стареењето. На тоа колку години имам често ме потсетуваат други, затоа што јас не се чувствувам така. Мојот дечко е значително помлад од мене и поради тоа сите мислат дека нашата врска нема да опстане. Тогаш размислувам за годините и староста и тогаш на мене можат да се видат и години и брчките“, изјавила Хајди за едно модно списание.

Scroll to Top