Моделот Хајди Клум со години ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките. Таа уште еднаш потврди дека овој епитет го носи со причина кога на својата забава за Халовин се појави во маска на врколакот од спотот за песната „Трилер“ на Мајкл Џексон. Клум оваа маска ја осмислувала повеќе од еден месец за секој детаљ да изгледа совршено, исто како во спотот, а шминкањето за маската траело цели шест часа.
Гледајте го спотот за песната „Трилер“ за да ја видите нејзината инспирација.