Хајди Клум за љубовта со 16 години помладиот сопруг: Имаме многу добар сексуален живот

Хајди Клум (51) откри ретки детали од возбудливиот љубовен живот со сопругот Том Каулиц (35), кој е шеснаесет години помлад од неа, со кој е во брак пет години.

Клум со ентузијазам зборуваше за својот сопруг и истакна дека нивната енергична интимност ја прави млада.

Таа изјави за Тајмс: „Немам болки во грбот или колена, а го имам и мојот сопруг“, пред да се насмее и да додаде дека нивниот „сексуален живот е многу добар“ и дека во него ја нашла својата сродна душа. Хајди изјавила и дека не ѝ се допаѓа терминот „момче-играчка – toy boy“ за помлад маж кој е во врска со постара жена бидејќи мисли дека разликата во годините не е важна.

Пред да се омажи за гитаристот Том Каулиц, Хајди Клум беше во брак со британскиот пејач Сил. Таа беше во брак со него од 2005 до 2014 година. Имаат четири деца: Лени (20 години), Хенри (18 години), Јохан (17 години) и Лу (14 години).

Scroll to Top