Хајди позираше гола и без шминка

Хајди Клум (52) повторно го привлече вниманието на јавноста позирајќи сосема гола и без шминка за списанието Paris Match.

Германско-американската манекенка се појави во сосема природно издание на фотографиите, а во интервју за француските медиуми откри како го поминува летото со својот сопруг, музичарот Том Каули.

Клум истакна дека овој јули одлучила да направи пауза од својот зафатен распоред, патувања и постојана работа, па затоа времето со сопругот го поминала на омилено место – островот Свети Вартоломеј. Пред повеќе од три децении, се заљубила во тој карипски остров, а со Каули изградила куќа таму во ридовите на Сен-Жан. Како што вели тој, тоа дополнително го зајакнало нивниот брак.

Познато е дека Клум отворено зборува за својот приватен живот – претходно нагласила дека нејзината страсна врска со нејзиниот сопруг, кој е 16 години помлад од неа, е причината зошто се чувствува млада и витална. Таа со насмевка рече дека нема болки во грбот или колената, а освен тоа, има сопруг кој совршено ѝ одговара. Клум вели дека разликата во годините нема никакво значење за нив двајца – таа верува дека љубовта и енергијата што ја споделуваат одат многу подалеку од бројките.

Scroll to Top