Хали Бери во љубов со Киану Ривс

By

Хали Бери и Киану Ривс се во врска, пишуваат американските таблоиди. Според нив, иако глумците се знаат долги години, врската ја почнале неодамна, за време на снимањето на заедничкиот филм „Џон Вик 3“.

Според таблоидите, актерката сѐ уште не е официјално разведена од францускиот глумец Оливие Мартинез.

Киану, никогаш не се женел. Приватниот живот секогаш го чувал подалеку од јавноста. Кон крајот на 1990те бил верен со актерката Џенифер Сајм. Таа во 1999 година била бремена со нивното прво дете, ќерка, која се родила мртва. Џенифер загинала во сообраќајна несреќа 2001 година и оттогаш актерот не се појавува во јавноста со своите партнерки.

Магазинот „Пипл“ пишува дека Хали и Киану се трудат да ја чуваат врската во тајност, а заедно се појавуваат само на снимањето на филмот, кој е во завршна фаза.

 

Ќе ви се допадне