Крунисувањето на кралот Чарлс Трети,’ќе се одржи на 6-ти мај со грандиозна прослава. Голем медиумски интерес привлекува и доаѓањето на принцот Хари, кој на крунисувањето на својот татко ќе дојде сам, без сопругата Меган Маркл и нивните две деца.
Според британските медиуми иако станува збор за крунисувањето на неговиот татко, Хари нема да биде во негова близина. Војводата од Сасекс, на церемонијата ќе седне дури 10 реда зад останатите членови на кралското семејство. Според новинари кои го следат кралското семејство сметаат дека ова е главната причина поради која брзо ќе го напушти настанот во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи крунисувањето.
Предвидувањата се дека Хари во Британија ќе остане само 24 часа, но тоа засега никој не го потврдил. Сепак, тоа значи и дека нема шанси за помирување и дека Хари можеби нема да има ни време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон.
Инаку, двајцата последен пат заедно ја посетија Велика Британија минатата година кога дојдоа на погребот на кралицата Елизабета Втора.