Магазинот „Пипл“ го прогласи принцот Хари за најсекси член на едно кралско семејство, а конкуренција му беа принцови, војводи и грофови од целиот свет.
Зад 36-годишниот војвода од Сасекс останаа и шведскиот принц Карл Филип, принцот Феликс од Луксембург, како и принцот од Брунеи, но и неговиот постар брат Вилијам.
Принцот Хари и лани освои титула најсекси маж според „Пипл“, но во категоријата најсекси татко.