Хари и Меган добија проколнат подарок од кралицата Елизабета

By

Иако кралската двојка, принцот Хари и Меган Маркл, се одрекле од повеќето свои свадбени подароци во вредност од 8 милиони фунти што ги примиле од непознати дарители и компании кои преку нив пак сакале да остварат своја промоција и благосостојба, еден подарок, оној на кралицата Елизабета II, веројатно ќе го надомести ваквиот губиток.

Кралицата Елизабета II одлучила да биде дарежлива кога избирала подарок за својот внук и неговата сопруга и одлучила да биде прилично дарежлива. Станува збор за куќата York Cottage на имотот во Сандрингам.

Подарокот од Елизабета II сигурно ги воодушевил младенците, тој буквално е со неверојатни димензии, се простира на 8.000 хектари.

Од тие, 240 хектари е јавен парк, а 24 хектари градина, која е поврзана со главната куќа. Имотот датира од времето на кралот Едвард VII, кој во 1893 година му го подарил на својот син, кралот Џорџ V.

Хари и Меган во моментот престојуваат во куќата во Нотингам, која е сместена на имотот на палатата Кенсингтон, а својот нов дом го користат за одмор. Странските медиуми наведуваат дека припадниците на кралското семејство го избегнуваат тој имот поради тоа што сметаат дека куќата е проколната.

 

 

Ќе ви се допадне