Хари и Меган ја добија ќерката Лилибет

Принцот Хари и Меган Маркл вторпат станаа родители. Тие објавија дека добија ќерка, Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор, која е родена во петокот во болницата во Санта Барбара.

„И мајката и бебето се добро“, соопшти двојката, и додаде дека Лилибет е крстена по прекарот на кралицата Елизабета Втора, нејзината прабаба.

Второто име е посвета на мајката на Хари, принцезата Дијана.

Хари и Меган се венчаа во 2018 година, а во мај следната година им се роди синот Арчи.

Scroll to Top