Хари и Меган ја одбија поканата на кралицата за Божик

Поранешната кралска двојка Хари и Меган Маркл ја одбиле поканата на кралицата да бидат заедно за Божик. Тие не сакаат да создаваат преголема прашина со нивното доаѓање во Британија, вели извор близок до нив.

„Мислам дека се свесни оти би настанала лудница ако се вратат. Но, мислам дека мора да поминат преку тоа и да продолжат со животот“, вели изворот.

Ова ќе ѝ биде прв Божик на кралицата Елизабета без сопругот, принцот Филип, кој почина годинава. Со неа ќе бидат синот Чарлс и неговата сопруга Камила, како и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Сите заедно ќе бидат на божикната миса.

„Веќе многу работи се организирани за заедничкиот Божик, така што персоналот веќе знае дека Меган и Хари сигурно нема да дојдат. Ако доаѓаа, веќе ќе беа информирани за тоа“, рече изворот.

 

Scroll to Top