Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл и покрај тоа што се откажаа од кралското семејство, ќе бидат финансирани од кралската каса. Двојката и покрај одземените титули, ќе може да смета на три милиони долари кои ќе ги добиваат од идниот крал, принцот Чарлс.
Последните неколку недели откажувањето на Меган и Хари од кралското семејство, или популарно наречено „Мегзит“ беше главна тема во медиумите во Британија. Откако најавија дека ќе се преселат во Канада, Хари и Меган ги изгубија сите привилегии и финансии кои им следеле од даночните обврзници.
Но и покрај откажувањето од кралското семејство Хари и Меган пари ќе земаат преку принцот Чарлс, кој пак дел од своето богатство го остварува преку војводството од Корнвол, приватен имот кој ги финансира сите негови активности. Не е реткост детето да добие дел од наследството на таткото по неговата смрт.
Но, Хари во овој случај е исклучок, затоа што тој не ниту наследник ниту доверител. Оваа одлука е многу дарежлива и изненадувачка со оглед на тоа дека и принцот Чарлс беше изненаден од одлуката на Хари да го напушти кралското семејство и да замине со Меган во Канада, пренесуваат британските медиуми.