Хари и Меган најавија нова серија, премиерата е на 31 декември на Нетфликс

Новиот телевизиски проект на принцот Хари и Меган Маркл ќе се емитува на Нетфликс овој месец. Војводата и војвотката од Сасекс се извршни продуценти на документарната серија „Live to Lead“ која ќе има премиера на популарниот стрим сервис на 31 декември.

Појавувајќи се во трејлерот за серијата, принцот Хари вели ова беше инспирирано од Нелсон Мандела, кој еднаш рече: „Она што е важно во животот не е самиот факт дека живеевме“. Меган потоа продолжува и вели она што го направивме во животите на другите ќе го одреди значењето на животите што ги водиме.

Во серијата лидерите и активистите размислуваат за нивното наследство и споделуваат пораки за храброст, сочувство, понизност и надеж. Ќе има интервјуа со покојната судијка на Врховниот суд на САД, Рут Бадер Гинсбург, еколошката активистка Грета Тунберг, адвокатот и активист за социјална правда Брајан Стивенсон, премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, капитенот и активистка на јужноафриканскиот национален рагби тим Сија Колиси, феминистката Глорија Стајнем и борец против апартхејдот и поранешен судија на Уставниот суд на Република Јужна Африка, Албием Сакс.

Оваа документарна серија е вториот проект што војводата и војвотката од Сасекс го направија за Нетфликс. Првиот од нив, наречен „Хари и Меган“, исто така беше документарен серијал, а како што кажува и неговиот наслов, се фокусирал на славната двојка. За време на шест епизоди, гледачите можеа да дознаат како започнала големата романса меѓу Хари и Меган, каков бил нивниот живот во сенката на кралското семејство и зошто решиле да создадат нов живот во Калифорнија.

Хари и Меган потпишаа повеќегодишен договор со Нетфликс во септември 2020 година.

Scroll to Top